Моравјецки: Зеленски е најистакнат лидер на 21 век

moravjecki
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки го поздрави украинскиот претседател Володимир Зеленски како бранител на европските вредности.

Зеленски е „голем европски лидер“, „херој“ и „најистакнат лидер на меѓународната сцена во 21 век“, рече Моравјецки за време на церемонијата на доделување на наградата Карло Велики на Зеленски и на украинскиот народ во западниот германскиот град Ахен.


– Претседателот Зеленски е пример за секој политичар … Руските варварски напади, од друга страна, беа антитеза на слободната Европа што ја бранеше Украина, рече Моравјецки.

Во својот говор, Моравјецки го цитираше поранешниот француски министер за надворешни работи и пионер на европското обединување, Роберт Шуман, кој рече дека обединета Европа во принцип мора да биде отворена за секоја демократска европска земја.

Пристапувањето на Украина во Европската унија е една од најважните цели на Зеленски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK