Жителите во село Грабово кај албанскиот град Грамш ги бојкотираа и овие избори, четврти по ред

izbori albanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жителите во село Грабово, општина Грамш, округ Елбасан ги бојкотираа и денешните локални избори поради недостиг на инвестиции, посебно во инфраструктурата.

-Жителите на ова село, секогаш населено со Власи, ги бојкотираа и претходните локални избори, како и последните два изборни циклуси на парламентарните избори, разочарани, како што велат, од лажните ветувања на политичарите, јави Ора њуз.


До падот на комунизмот во селото живееле 12 илјади жители.

Поради лошите услови за живот денес живеат само околу 400 лица, главно повозрасни.

Селото со најблиското населено место е поврзано со тесен макадамски пат.

Во меѓувреме ЦИК објави дека излезноста на денешните локални избори до 14 часот е 26,6 отсто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK