Излезноста на локалните избори во Албанија до 18 часот 36,39 отсто

izbori albanija 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Централната изборна комисија на Албанија Илирјан Целибаши информираше дека изборниот ден минал без проблеми, поради што немало никакви законски причини гласањето да продолжи и по 19 часот, како што барале дел од партиите.







-До 18 часот правото на глас го оствариле 36,39 отсто од вкупното гласачко тело, но до 19 часот процентот секако ќе биде повисок. Тука секако и податоците од повеќе гласачки места од руралните средини каде имаше проблеми со интернетот, рече тој.

Во однос на текот на процесот, Челибаши информираше дека доставени се29 поплаки што, според него, ве „тера да верувате дека процесот поминал добро“.

Дека системот функционирал, посочи, е податокот дека се регистрирани 927 обиди за двојно гласање.

Од над 122 илјади лица кои за првпат на овие избори требало д гласаат тоа право го оствариле само околу 15 илјади.

Во трите општини Вора, Камез и Елбасан, каде беше спроведено електронско гласање резултатите се очекува да бидат објавени нешто по 20 часот.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДХИР првиот извештај го најави за утре.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK