Животот на Палестинците и Израелците се враќа во нормала по прекинот на огнот

izrael_#453454534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Животот на двете страни на границата кај Појасот Газа денеска почна да се нормализира, откако примирјето со посредство на Египет ги прекина петдневните борби меѓу Израел и Исламски џихад во кои загинаа 34 Палестинци и еден Израелец.

Израел повторно ги отвори своите стокови и комерцијални гранични премини, овозможувајќи проток на гориво до единствената електрана во блокираната енклава.


Продавниците повторно се отворени, а луѓето се вратија на улиците кои беа пусти со денови. Водачите од двете страни ја потврдија својата посветеност на примирјето, но дадоа различни толкувања на термините, како на пример дали Израел ќе стави крај на целните убиства на палестинските милитантни водачи.

Најновите борби, најдолги од 10-дневната војна во 2021 година, почнаа кога Израел во раните утрински часови во вторникот почна серија воздушни напади, велејќи дека цел биле команданти на Исламски џихад кои планирале напади врз Израел.

Како одговор, групата поддржана од Иран истрела повеќе од 1.000 ракети, принудувајќи ги Израелците да заминат во засолништа. Во областите во јужниот дел на Израел околу Газа, училиштата денеска сè уште се затворени, а многу од илјадниците евакуирани сè уште не се вратени дома.

– Не е лесно да се вратиш од таква ситуација, изјави Гади Јаркони, градоначалник на неколку израелски градови на границата со Газа, за радиото 103 ФМ.

Палестинските здравствени власти соопштија дека 33 лица, меѓу кои жени и деца, како и борци на Исламски џихад, биле убиени во Газа.

Мохамад Ал-Хинди, висок функционер на Исламски џихад кој преговараше за прекин на огнот со египетските власти во Каиро, денеска изјави дека групата е подготвена да престане да истрелува ракети доколку Израел престане да гаѓа домови, цивили и водачи на милитантите.

– Ние сме посветени на мировниот договор сè додека непријателот го почитува, рече тој.

Меѓутоа, Израел негираше дека преземал такви обврски, велејќи само дека нема да извршува напади сè додека нема закана.

– Многу пати сум кажал: Кој и да нѐ нападне, кој и да се обиде да нѐ нападне, кој и да се обиде да нѐ нападне во иднина – неговата крв е изгубена, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на неделниот состанок на владата во Ерусалим.

Израелските сили „успешно ги завршија петдневните борби против терористичката група Исламски џихад“, рече тој, без да го спомене договорот за прекин на огнот.

Хамас, исламистичката група која ја контролира Газа, не беше вклучена во борбите, а израелските воени претставници рекоа дека тие не биле насочени кон инфраструктурата или лидерите на Хамас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK