– Германскиот канцелар Олаф Шолц го увери украинскиот претседател Володимир Зеленски за поддршката на Германија во борбата против руската инвазија врз Украина.
– Ќе ве поддржуваме сè додека е потребно, рече Шолц на средбата со Зеленски во неговиот кабинет во Берлин. „Оваа солидарност е трајна и е силна“, истакна тој.
– Додека руската безмилосна 444-дневна војна за агресија имаше големи геополитички последици, таа првенствено влијаеше на украинскиот народ, рече германскиот канцелар, јави ДПА.
Тој истакна дека Германија досега обезбедила воена и хуманитарна помош во износ од 17 милијарди евра (18,6 милијарди долари).