– Општина Илинден се вклучи во големата еколошка акција „Генералка викенд“ чија цел е да се подигне еколошката свест на граѓаните за почиста и поздрава животната средина.
Во еколоштака акција се вклучија општинската администрација, јавните комунални претпријатија, училиштата и граѓаните, каде се чистеше на повеќе локации на територијата на општина Илинден. Во текот на акцијата се вклучија и претставници од Црвен Крст кои се погрижија за безбедноста на учесниците.
Со оваа голема еколошка акција Општина Илинден упатува апел до граѓаните да покажат поголема грижа за природата и природните ресурси, а отпадот да го одлагаат на места соодветно определени за таа намена, соопшти општинската прес-служба.