Мајами го повтори успехот на Њујорк од 1999 година

majami_34242342
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Мајами стана само втората екипа во историјата на НБА лигата која обезбеди конференциско финале стартувајќи го разигрувањето за титулата како осми носител.

До финалето на Источната конференција Мајами дојде со победа синоќа на домашен терен над Њујорк од 96-92, заокружувајќи ја полуфиналната серија со 4-2 во победи.


Последен пат до конференциско финале во НБА лигата како осми носител во плејофот обезбеди Њујорк во 1999 година.

Пласман во финалето на Западот синоќа обезбеди Лос Анџелес лејкерс, совладувајќи во шестиот натпревар актуелниот шампион Голден Стејт со 122-101.

Лејкерси победија во серијата со 4-2 и во финалето во Западната конференција ќе играат против првиот носител Денвер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK