Јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“, До Квон е во домашен притвор во Црна Гора

dokvon
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основниот суд во Подгорица ја прифати гаранцијата од по 400 илјади евра што ја понудија јужнокорејските државјани До Квон, познат како крал на криптовалутите и Хон Чанд Јун и одреди по плаќањето на оваа сума тие да бидат ослободени, но да го поминуваат времето во стан во Црна Гора кој ќе го чува полицијата.

Гаранцијата, како што е најавено, ќе ја платат сопругите на двајцата Јужнокорејци.


„Доколку обвинетиот избега или ја прекрши мерката надзор, гаранцијата истекува и се внесува во посебен дел од буџетот за работата на судовите“, се вели во соопштението на Основниот суд Подгорица.

Јужнокорејските државјани се обвинети дека сториле кривично дело фалсификување документи, а беа уапсени на крајот на март во приватен авион на аеродромот во Подгорица.

До Квон и Чанд Јун се изјаснија за невини пред судот и тврдеа дека ги добиле пасошите од Костарика, кои ги поседувале, преку правен процес.

„Не сум виновен. Не фалсификувавме пасоши од Костарика, ги добивме во законска процедура. Единствен релевантен доказ за тоа е тоа што документацијата за издавање пасош ја добивате од надлежните државни органи на Костарика“, рече До Квон во судницата на Основниот суд Подгорица.

Јужна Кореја и САД побараа негова екстрадиција за да се соочат со обвиненија поврзани со колапсот на неговата крипто империја вредна 40 милијарди долари.

Црна Гора се уште не одлучи за екстрадиција и соопшти дека прво сака да утврди дали уапсените ги прекршиле домашните прописи.

Доколку биде прогласен за виновен, Квон би можел да се соочи со повеќе од 40 години затвор, што ќе биде најдолга казна за Јужна Кореја досега за финансиски криминал, објавија претходно медиумите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK