Дебата за улогата на граѓанското општество во односите помеѓу Македонија и Бугарија

debata mk bugarija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Свесноста за постапките и за наративите кои се користат кога станува збор за oдносите меѓу Македонија и Бугарија е од особено значење, беше истакнато на денешната дебата „Улогата на граѓанското општество во односите меѓу Македонија и Бугарија”, организирана од Евротинк.

Амбасадорот на Чешката Република во Македонија Јарослав Лудва, истакна дека целта на дебатата е да се пронајде заеднички јазик помеѓу двете општества и да се дискутираат темите кои ги засегаат двете држави.


На дебатата присуствуваа и Димитар Николовски, извршен директор на Евротинк – Центар за европски стартегии, постар аналитичар од Бугарија Вања Петрова, поранешна пратеничка, Никица Корубин и Илина Мангова од Меѓународниот републикански институт.

Никица Корубин од друга страна посочи дека кога зборуваме за односите помеѓу две општества мора да се споменат и политичката атмосфера.

-Какво ќе биде општеството, односно каков ќе биде јавниот дискурс и наративот многу зависи и од однесувањето на влијателни фактори во едно општество, порача таа.

Додаде дека медиумите како креатори на јавното мислење играат важна улога во перцепцијата на општеството за односите помеѓу двете земји и оти треба да внимаваат на кој начин ги пренесуваат информациите.

-Јас сум од оние кои сметаат дека има и тоа како антибугарска кампања во нашето општество, не велам дека секогаш е свесно водена честопати мислам дека е дел од некој наследен наратив, често велам дека генерално својот став кон Бугарија го влечеме од поранешна Југославија, сме го наследиле тој став што го имала Југославија кон Бугарија и денеска тој се аплицира на секое едно прашање, истакна Корубин.

Посочи дека за постигнувањето на добри односи, пред се, треба да се најде причината за ваквиот антагонизам.

Аналитичарот од Бугарија Вања Петрова, посочи дека потребно е директна човечка поврзаност и оти ваквите дебати се од големо значење.

Оцени дека двете земји покажале добра волја за подобрување на односите во општеството и се уште постои одреден скептицизам во однос на меѓусебните перспективи.

Дебатата се одржа во рамките на проектот: „Поврзување на граѓанските општества: Македонија и Бугарија”, поддржан од Чешката амбасада во Скопје. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK