Во Комисијата за европски прашања втор ден расправа за измените на Законот за работи односи

evropski-prashanja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Собраниската Комисија за европски прашања втор ден расправа за Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за работни односи, по скратена постапка и со европско знаменце. Расправата ќе продолжи по редовната пауза од еден час.

Велика Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека измените се неприфатливи бидејќи не се во согласност со Конвенцијата за дискриминација број 111 на Меѓународната организација на трудот и претставуваат нееднакво постапување кон одредена група на вработени.


-Самиот начин на носење мора да се спроведе преку социјален дијалог на ниво на Економско-социјалниот совет, мора да се изјаснат синдикатите за оваа измена, бидејќи ќе значи помали права на работниците, ќе се злоупотребува пишаната согласност од вработените како што е пракса во други слични случаи за други права во Законот за работни односи, рече Серафимовска.

Нејзиниот сопартиец Тони Јаревски истакна дека нема никаква основа законското решение да се носи со европско знаменце.

-Не газите со тоа врз нас и граѓаните, си гасите врз самите себеси, рече Јаревски и додаде дека смета оти се преминуваат сите граници, а за тоа, како што кажа, е гласна и меѓународната заедница.

Во реплика Мартин Костовски од СДСМ рече дека станува збор за историски најголем проект со кој за четири години и седум месеци треба да се изградат 110 километри нови автопати.

-За да донесуваш историски одлуки треба да имаш храброст и треба да имаш визија, рече Костовски.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека веќе има изјава од евроамбасадорот Дејвид Гир дека се злоупотребува европското знаменце со измените на законите потребни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите, а претходно, како што кажа, имаше и пишана изјава од Делегацијата за тоа.

-Вчера имавте можност австриската делегација истото да ви го каже и нема никаква реакција од владејачкото мнозинство. Ова што го правите е само озаконување на криминалот, рече Ковачки.

Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ порача дека ќе дојде време кога јавно ќе биде објавен договорот со „Бехтел и Енка“ и кога ќе одговараат сите што ги потпишале измените на законските решенија со европско знаменце и оние што ќе гласаат за закони кои се во спротивност со одлуката на Уставниот суд.

-Граѓаните ќе треба да плаќаат за грабежот на векот со кој ги кршите работничките права и ќе увезувате работна сила од странство зашто работната сила во Македонија се подготвува да ја напушти земјата. Ќе ве потрпиме уште малку, но главната поента е дека ќе одговарате, рече Ласовска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK