Европската унија предложи да се воведат нови санкции за кинеските компании обвинети за продажба на опрема што може да се користи за производство на оружје и поддршка на руската воена машина, пишува Financial Times.
Цитирајќи податоци од копија од листата на санкционирани компании, британскиот весник пишува дека новиот пакет санкции вклучува седум кинески компании за кои ќе разговараат властите во ЕУ, пренесува Ројтерс.
Европската комисија без коментар
На листата се две компании од Кина: 3HC Semiconductors и King-Pai Technology и две од Хонг Конг: Sinno Electronics и Sigma Technology, кои веќе се под санкции на САД. Американските власти ги обвинуваат дека снабдувале неколку деловни субјекти на рускиот воено-индустриски комплекс.
Европската комисија не одговори веднаш на барањата за коментар.