Врховниот суд на Пакистан одлучи дека апсењето на поранешниот премиер Имран Кан е незаконско и нареди негово итно ослободување, пренесе ДПА повикувајќи се на локалните медиуми.
Тројца судии во главниот град Исламабад ја сослушуваат петицијата на Кан против неговото апсење во вторникот, под обвинение за мито.
Но, Врховниот суд го советуваше Кан да соработува со истражната агенција која ги истражува обвиненијата против него.