Инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар при вршење на вонреден инспекциски надзор, по пријава на граѓани, затекнаа исечени здрави дрвја на парцела во приватна сопственост на Водно. На локацијата не се затекнати сторители, а дел од дрвата на парцелата биле веќе исечени, соопшти градоначалникот Горан Герасимовски.
Општинските инспектори ги повикале сопствениците на парцелата и извршен е информативен разговор со нив, за што сопствениците ги информирале дека се оградуваат и дека тие не ја извршиле сечата. Сопствениците на парцелата исто така се задолжени од инспекторите да ја донесат целосната документација на увид во Секторот за инспекциски работи на Општина Центар.
Од страна на Општина Центар на локацијата повикани се сите надлежни институции, ЈП „Паркови и зеленило“, Шумската полиција и пријавен е во полиција и веќе на терен се инспектори од МВР, со цел да се дознае кој и зошто ја извршил сечата на дрва, а сопствениците со целосната документација се повикани на разговор во Секторот за инспекциски работи на Општина Центар.