Ковачевски: Претстои голема работа во унапредувањето на владеењето на правото и трансперентноста на праводудните органи

sud-sudenje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На средбите што ги имав во Вашингтон и Њујорк се зборуваше и за унапредувањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата. На сите институции им претстои голема работа во делот на унапредувањето на владеењето на правото, но и во делот на зголемувањето на транспарентноста на работењето на правосудните органи, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски одговорајќи на прашањето поврзано со неговите средби во САД.

Во делот на дигитализацијата на судството, Ковачевски потсети дека најголемата судница на државата е целосно дигитализирана, а ќе биде дигитализиран и системот за интероперабилност меѓу судовите и седум институции со кои што најмногу се разменуваат податоци.


-Јас никогаш не сум сакал да ги генерализирам општо работите. Во секој систем постојат поединци кои имаат одлични перформанси, поединци кои имаат помали перформанси и поединци кои што треба да ги унапредат, изјави Ковачевски по почетокот на градежните работи на инвестициски проект на компанијата „Магна Мехатроникс“ во ТИРЗ- Штип.

За време на средбите во САД, Ковачевски рече дека се заблагодарил за опремата и за помошта која ја добиваме од САД во делот на дигитализацијата на судството. Како што потсети, пред еден месец, амбасадорката на САД и Обвинителството го објавија новиот систем за побрзо собирање на докази во Обвинителството.

-На средбата беа презентирани сите активности кои Владата во рамки на своите надлежности ги презема, бидејќи надлежностите во делот на владеењето на правото и правосудството се поделени. Државата е таа која подготвува закони. Беа презентирани сите подготвени закони кои се во Собранието, во делот на Академијата на судии и на новиот Кривичен законик, но и низа други закони, од кои мал дел се донесени, но други се блокирани во Собранието од страна на опозицијата, рече Ковачевски.

Тој исто така потенцираше дека на средбите во Вашингтон и во Њујорк беше изразена силна и недвосмислена поддршка на Северна Македонија кон пристапувањето во ЕУ.

-Ова ние од САД го сметаме за исклучително важно, бидејќи САД се најважниот и најголемиот стратешки партнер на државата, рече премиерот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK