МФ: УК за психијатрија прв здравствен објект што ќе ја подобрува енергетската ефиканост со грант од СБ

psihijatriski-bolesti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Објектот на Kлиниката за психијатрија во Скопје ќе биде комплетно реновиран и ќе стане енергетски ефикасен, преку Проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира со грант од Светската банка, а го спроведува Министерството за финансии во соработка со Министерството за здравство. Градежните работи ќе започнат на 15 мај, а објектот се очекува да го добие својот нов лик за пет месеци.

Универзитетската клиника за психијатрија е првиот објект од вкупно 18 здравствени објекти што треба да бидат опфатени со Проектот, во компонентата наменета за подобрување на енергетската ефикасност на објектите на централно ниво. За оваа компонента се предвидени 5 од вкупно 25 милиони евра, соопшти денеска Министерството за финансии.


Во рамки на Проектот, 10 милиони евра се предвидени за проекти за подобрување на енергетската ефикаснот на објекти на локално ниво, при што активностите за 42 проекта во 12 општини се веќе започнати, а дополнително се преземаат активности за поддршка на проекти во 16 општини.

Бројот на објекти што ќе бидат опфатени со Проектот може да расте и понатаму, бидејќи општините сè уште можат да поднесуваат апликации.

-Покрај поддршката на проекти што се однесуваат на подобрување на енергетската ефикасност и обвновливи извори на енергија во објекти на локално и централно ниво, со Проектот се предвидува и воспоставување Фонд за енергетска ефикасност со иницијален капитал од 5 милиони евра којшто треба да функционира во рамки на Развојната банка, информира Министерството за финансии.

Основни цели на Проектот се намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор и поддршка за воспоставување и операционализација на одржлив механизам за финансирање енергетска ефикасност во јавниот сектор. Инвестициите во обновливи извори на енергија и зголемувањето на енергетската ефикасност на објектите на локално и на централно ниво, како и во индивидувалните објекти се покажа како особено значајно во време на енергетска криза. На овој начин се штедат пари како издаток за потрошената енергија, но се штедат и ресурсите за производство на таа енергија, а воедно се штити и животната средина. Затоа овој проект има особено значење и од аспект на рационализација на трошоците и од аспект на зачувување на животната средина.

Во Универзитетската клиника за психијатрија ќе биде заменета електричната инсталација, осветлувањето и системот за греење, ќе биде поставен централен систем за ладење, ќе биде поставена термоизолација на објектот, ќе се изврши реконструкција на кровот, замена на прозорците и вратите и слично.

За време на реновирањето пациентите од Клиниката ќе бидат хоспитализирани во Психијатриската болница – Скопје и на Одделот за психијатрија во Градската општа болница „8 Септември“, за што овие установи имаат доволно капацитети. Детскиот оддел привремено ќе функционира во ГОБ „8 Септември“ – Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK