Официјален претставник на НАТО: Војната во Украина ќе стане битка меѓу квантитетот и квалитетот

tenkovi_34534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

–  Шефот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, изјави денеска дека војната во Украина се повеќе ќе станува битка меѓу голем број слабо обучени руски војници со застарена опрема и помалубројни украински сили кои имаат подобро западно оружје.

Бауер изјави дека Русија сега распоредува значителен број стари тенкови Т-54.


„Меѓутоа, проблемот е што тие имаат уште многу тенкови Т-54. Она што сега ќе го видиме е дека Русите ќе се фокусираат, односно ќе треба да се фокусираат на квантитет, поголем број регрути. Во исто време, тие ќе мобилизираат слабо обучени војници со застарена опрема“, рече Бауер.

Во меѓувреме, Украинците „ќе се фокусираат на квалитетот, со западните оружени системи и западната обука. Тоа е голема разлика во наредните месеци“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK