Нетанјаху: Подготвени сме да ги прошириме нападите врз Појасот Газа

netjari
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е можно проширување на актуелната воена операција врз Појасот Газа, откако палестинските екстремисти истрелаа десетици ракети врз јужниот дел на Израел.

Ракетирањето е одговор на вчерашните израелски воздушни напади врз Појасот Газа, при што загинаа 20 Палестинци, меѓу кои и тројца команданти на Исламски џихад и најмалку девет цивили.


Сирените за тревога се огласија не само во јужен Израел туку и на подрачјето на Тел Авив, на оддалеченост од 80 километри. Израелските телевизии емитуваа снимки на кои се гледа како системите за противракетна одбрана ги пресретнуваат проектилите над Тел Авив.

Според неименуван израелски претставник во правец на Израел биле истрелани околу 350 ракети и гранати во рок од неколку часа. Но, околу 150 проектили паднале во Појасот Газа или во Средоземно море.

Израелската армија тврди дека авиони и хеликоптери денеска за неколку часа погодиле околу 40 ракетни фрлачи и минофрлачи на Исламски џихад.

Исламски џихад е втората највлијателна вооружена група во Појасот Газа по исламистичкото движење Хамас, кое ја контролира енклавата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK