Кривична против 44-годишник од струшко село, осомничен за „бесправно градење“

POLICIJAA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 44-годишниот С.Ш. од струшкото село Заграчани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Тој, во текот на март годинава, во својство на инвеститор, на катастарска парцела во Струга, без соодветна документација и одобрение од надлежен државен орган, неовластено извршил градба на станбен објект, а потоа извршил и доградба. Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение со кое на инвеститорот му се наложува да ја отстрани започнатата градба и доградба на објектите, појаснуваат од МВР.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK