Спасовски – Ел-Рајси: Високо ниво на билатерални односи и пријателство меѓу Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати

spasovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Министерството за внатрешни работи денеска министерот Оливер Спасовски оствари билатерална средба со генерал мајор во МВР на Обединетите Арапски Емирати, Ахмед Насер Ел-Рајси.

Билатералната средба во својство на генерал мајор во МВР на ОАЕ, соопштија од МВР, произлезе од учеството и отворањето на Ел-Рајси на 50. Европска Регионална Конференција на ИНТЕРПОЛ, што се одржа во периодот од 08 до 10 мај во Охрид, на која Ел-Рајси присуствуваше во својство на претседател на ИНТЕРПОЛ.


Генерал мајор Ахмед Насер Ел-Рајси упатил честитки до министерот Спасовски, раководството на МВР и организациониот одбор вклучени во организацијата на 50.Европска Регионална Конференција на ИНТЕРПОЛ, заблагодарувајќи се за одличната и беспрекорна организација на сите вклучени полициски службеници, но и за можноста 140 делегати на ИНТЕРПОЛ од 53 земји да се сретнат токму во оваа, стои во соопштението, прекрасна земја Република Северна Македонија, земја која изобилува како со своите природни убавини, така и со гостопримливи луѓе .

Ел-Рајси изразил благодарност за поддршката од страна на Република Северна Македонија за неговиот избор за претседател на ИНТЕРПОЛ во 2021, за четиригодишниот мандат во најголемата меѓународна полициска организација, воедно истакнувајќи ја неговата лична подготвеноста да помогне со се што е во негова надлежност. Притоа, тој рекол дека ќе достави иницијатива за повеќе видови соработка.

– Двајцата соговорници заеднички истакнаа дека билатералните односи и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати ги карактеризира висок степен на пријателство и меѓусебно разбирање, но и присуство на огромен потенцијал за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес. Меѓу другото, беше истакнато дека акцентот на билатералните односи меѓу двете држави е ставен на унапредување на економската соработка, особено, на привлекување арапски инвестиции во нашата земја, стои во соопштението од МВР.

Министерот Спасовски изразил подготвеност и упатил покана за средба со генерал-полковник Саиф Бин Зајед АЛ-Нахјан, Вицепремиер и министер за внатрешни работи на ОАЕ и за реализирање возвратна посета на Северна Македонија, како поттик и натамошно унапредување на билатералните односи и зајакнување на политичкиот дијалог.

Двете страни изразиле подготвеност за финализирање на процедурите за усогласување на текстовите на Меморандумот за заемно признавање на возачките дозволи и Меморандумот за безбедносна соработка и борба против тероризмот, меѓу ОАЕ и Северна Македонија.

Во рамки на денешната средба министерот Спасовски и генерал мајор во МВР на Обединетите Арапски Емирати, Ахмед Насер Ел-Рајси ги посетиле канцелариите на Секторот за меѓународна полициска соработка при БЈБ на МВР во Република Северна Македонија во кој се интегрирани ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ, СЕКИ, како и странски офицери за врска, односно преку Националното Централно Биро на ИНТЕРПОЛ Абу Даби, преку кои се остварува оперативната соработка со Обединетите Арапски Емирати.

– Заеднички беше изразена согласноста дека со огромна посветеност се продолжува кон продлабочување на соработката и визијата на организацијата ИНТЕРПОЛ за секоја земја да се чувствува своја на своето, како и отвореноста на раководствата на двете министерства за внатрешни работи, се подвлекува во соопштението од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK