Ковачевски: По влезот во НАТО, следна стратешка цел е членство во ЕУ до 2030

kovacevski_786778
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Нашите стратешки цели се конкретни и јасни. Станавме членка на НАТО, до 2030 да станеме членка на ЕУ. Добро е да се има одредница која ќе служи како водилка и мотивација да се движиме по зацртаната траекторија, истакнал премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на престижниот универзитет Џон Хопкинс во Вашингтон на тема „Неодложна потреба за економски развој на Балканот“.

Како што објави на неговиот ФБ профил, премиерот порачал дека „македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ, но дома, во Северна Македонија. ЕУ е визијата за подобар стандард, за подобри и повисоко платени работни места, за европски, западни вредности, дома“.


– Северна Македонија од осамостојувањето до денес со храбри политики пребродувала многу предизвици. Изминативе шест години како Влада понудивме водство и решенија и силно застанавме позади интересите на нашата земја, на нашите граѓани, на иднината на нашите млади, на идните генерации, нагласил Ковачевски.

Петседателот на Владата во рамки на работната посета на Вашингтон денеска ќе има средби и со америнскиот сенатор Крис Марфи, со конгресмените Брендан Бојл и Деби Дингел, како и со други високи владини претставници, сенатори и конгресмени.са/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK