Апелација повторно ја укина ослободителната пресуда за „Тревник“

APELACIJA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата за „Тревник“ во која по втор пат беа ослободени од обвинение Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ.

– Апелациониот суд Скопје, на нејавна седница, одржана на ден 05.05.2023 година, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-1083/22, во јавноста познат како „Тревник“, ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје, со која обвинетите Д.П., С.П., и З.П., сите од С., се ослободуваат од обвинението и одлучи да се закаже расправа пред Апелациониот суд Скопје, стои во соопштението од Апелација.


СЈО го покрена овој случај за бесправно градење три викендички во Зелениково. Првата ослободителната пресуда беше изречена во 2019 година, истата во 2020 беше укината од Апелација, а предметот беше вратен на повторно судење во Основниот Кривичен суд во Скопје, и по втор пат, во 2022 година, повторно доби ослободителна пресуда.

Од Апелација дополнуваат дека датумот и часот на рочиштето ќе бидат дополнително објавени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK