МВР информира дека денеска, во 13.45 часот, на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при скопското СВР го лишиле од слобода скопјанецот В.Д.(37), баран со потерница.
– Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од осум месеци за сторено кривично дело по член 377 од Кривичниот законик, известуваат од МВР.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.