Фигаро: Францускиот парламент ќе расправа дали „Вагнер“ е терористичка организација

вагнер
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот парламент денеска ќе расправа дали руската приватна воена компанија „Вагнер“ е терористичка организација, пишува „Фигаро“.

До францускиот Парламент е поднесена нацрт-резолуција за вклучување на „Вагнер“ во листата на терористички организации на Европската унија.


Се очекува денеска Националното собрание (долниот дом на францускиот Парламент) да донесе одлука дали на оваа листа треба да се најде и компанијата „Вагнер“, која е обвинета за злосторства во Украина и во Африка.

Нацрт-резолуцијата (која не е правно обврзувачки акт) беше поднесена од пратеникот Бенџамин Хадад, а нејзиното евентуално усвојување од страна на Парламентот ќе биде „израз на огорченоста на институцијата поради бројните злосторства врз цивилното население во Украина извршени од платениците, од кои некои може да се дефинираат како воени злосторства“.

Покрај Украина, во нацрт-резолуцијата се спомнуваат и злосторствата во Сирија и неколку африкански земји, вклучувајќи ги Мали и Централноафриканската Република.

Во средината на март литванскиот Парламент усвои резолуција со која „Вагнер“ се прогласува за терористичка организација.

Во април, Европската унија го вклучи „Вагнер“ на списокот на санкционирани физички лица и организации, бидејќи компанијата „активно учествува во агресивната војна на Русија против Украина“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK