Русија ефективно го стопира договорот за извоз на украинско жито

zitooo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија, кој пред два дена најави повлекување од Договорот за извоз на украинското жито поради напад на украинската армија врз руски бродови на Крим. ефективно го стопира Договорот, чија цел беше да се избегне глобалната криза со гладот.

Украинскиот заменик министер за регионален развој Ихор Корховиј изјави дека пред повлекувањето на Русија од договорот, поголем број украински пристаништа се онеспособени за извоз на жито.


– Големите извозни пристаништа како Мариупол или Херсон се окупирани, а пристаништето во Миколаев не работи од безбедносни причини. Така, четири или пет пристаништа се надвор од употреба. Тие пристаништа беа голем сообраќаен коридор за извоз на жито и челик, така што капацитетот на овие што ги имаме сега е недоволен, изјави Корховиј во интервју за хрватската новинска агенција ХИНА.

Украина од мај се обидува да транспортира жито преку алтернативен пат, преку Дунав.

Украинските пристаништа на Дунав, во регионот на Одеса, користат специјални бродови за речен транспорт. Ние тесно соработуваме со романската влада во однос на користењето на нивните пристаништа, посочи Корховиј.

Со посредство на Турција и ОН во јули беше постигнат договор за извоз на украинско жито од црноморските пристаништа блокирани од Русија по инвазијата на 24 февруари 2022 година. По договорот беа извезени повеќе од шест милиони тони жито. Договорот требаше да биде продолжен следниот месец. Русија пред десет дена рече дека договорот ќе зависи од тоа дали Западот ќе ги олабави санкциите кон Москва.

ОН предупредуваат дека продолжувањето на договорот за извоз на жито од пристаништето на Црното Море е од витално значење за спречување на глобалната криза со храна. Според податоци на ОН, Украина во 2019 година извезла 16 отсто од светските резерви на пченка и 42 отсто од сончогледово масло, според ОН. Русија е исто така еден од водечките светски извозници на житарки и ѓубрива. Падот на испораките ги зголеми цените на храната.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK