Ларсон Џејн: Борбата против корупцијата и владеењето на правото се основни вредности за влез во ЕУ

larson-dzejn
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шведската амбасадорка Ами Ларсон Џејн на денешната панел-дискусија за ПФД2023 насловена „Патот кон 2030“ истакна дека во земјава најголеми проблеми се сиромаштијата, нискиот стандард на живеење, корупцијата и криминалот.

-Корупцијата е корозивна за општеството, таа ја ослабнува демократијата со тоа што ја поткопува довербата во институциите, таа се заканува на функционирањето на демократските институции тоа ја искривоколчува економската конкуренција, граѓаните и бизнисите губат како и општеството во целина, рече Ларсон Џејн.


Од ова, како што рече, произлегува дека борбата против корупцијата и владеењето на правото се основни вредности коишто треба да се почитуваат за да се стане членка на ЕУ.

-Ова не е мала задача и постоеја и продолжуваат да постојат значителни пречки по патот којшто поттикнаа загриженост како меѓу земјите-членки на ЕУ така и меѓу меѓународните партнери, една вистинска заложба од сите засегнати страни заедно со национално носителство отчетност и транспарентност се потребни, нема кратки патеки на патот кон ЕУ, посочи Ларсон Џејн.

Додаде оти има многу предизвици на домашен фронт, но има и многу позитивни нешта.

-Северна Македонија убаво го започна процесот на скрининг со еден професионален тим кој направи важен исчекор, исто така сите големи политички партии тврдат дека евроинтеграцијата е стратешка цел на државата, ова е добар почеток, потребни се повеќе напори за да се постигне конструктивен пол дијалог да се постигне вистински политички консензус за интеграцијата во ЕУ, заклучи амбасадорката.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ посочи дека е достижна целта во 2030 година да станеме членка на ЕУ доколку почнеме да работиме од денес.

-Можеме да го направиме само ако дејствуваме заедно на иста цел. Затоа мислам дека првиот чекор кон остварување на оваа цел 2030 година да бидеме ние и други држави од регионот членки а ЕУ првиот чекор е со ЕУ да подадеме рака дека целта на овој процес е членство и дека тоа членство е достижно да се случи до крајот на оваа декада, рече Маричиќ.

Додаде дека доколку сакаме промените да се движат побрзо и посуштински треба да имаме јасен календар за членство.

-Ние сме должни да продолжиме со суштинските реформи преку инструментите на ЕУ. Патоказите за владеење на право, за функционирање на деморкатските институции и за реформи во јавната администрација се три области кои мора да ги изработиме годинава бидејќи се одреднциа за отварање на кластерот „Темели“, додаде Маричиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK