Двајца кумановци вчера биле приведени и против нив ќе следуваат соодветни пријави
МВР известува дека синоќа, 23.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(29) од Куманово.
– Тој се сомничи дека на 13 април годинава, од чанта во такси возило одзел предмети. Со него бил приведен и Т.Б.(42) од Куманово бидејќи кај двајцата биле пронајдени и одземени остри предмети, соопштуваат од полицијата.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.