Костадиновска-Стојчевска: Секој обид за негација на македонскиот јазик резултира со негова повеќекратна афирмација

kostadinovska_stojcevska_34355544233
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во 21 век кога јазиците се користат толку интензивно, од голем број граѓани и преку разни форми на вербална, пишана и дигитална комуникација, не може да стане збор за негирање јазик. Не само за македонскиот, туку за било кој друг јазик. Секој обид за негација на еден јазик резултира со негова повеќекратна афирмација, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за „Рацин.мк“.

Министерката посочува дека Денот на македонскиот јазик стана препознаен од целото општество и претставува момент кога на пиедестал покажуваат дел од тековните иницијативи кои ги подготвуваат и реализираат низ целата година.


– Оваа година во одбележување и славењето на денот неподелено учествуваа сите граѓани на земјата, Македонците, Албанците и сите останати етнички заедници, власта и опозицијата, младите и возрасните. Оваа година видовме како со впечатливо учество во славењето на македонскиот јазик и македонското кирилично писмо учествуваа и странците, дипломати во нашата земја и надвор од неа. Очигледно е дека македонскиот јазик поврзува, победува и поттикнува, нагласува Костадиновска-Стојчевска.

Ваквиот амбиент, според неа, за сите нас е силен ветер во грб, особено, како што кажа, во време кога македонскиот јазик ни станува еден од јазиците кои се употребуваат во ЕУ и во време кога во Грција се случи верификација на Центарот за учење македонски јазик

Министерката додава дека за празникот сакале кирилицата и творештвото на македонски јазик да бидат на пиедесталот.

-Затоа се одлучивме да активираме светлина. Основната замисла беше да го претставиме македонскиот јазик како светлина која ни го покажува патот кон подобро утре. Тоа нѐ однесе и до критериумот за избор на стиховите и цитатите. Во сите избрани стихови преовладува вербата, надежта, погледот кон напред, убавото, светлото, ведрото – со цел да се пренесе целосна позитива кон граѓаните, вели Костадиновска-Стојчевска.

Според неа, затоа се избрани стихови кои мотивираат, кои ги опеваат слободата, татковината, љубовта, иднината, желбата за подобро утре – и со тоа се праќа порака дека сме против недовербите, поделбите, угнетувањата и мрачните моменти.

Изминатите 30 години, посочува таа, не беа доволно промовирани и доближувани до граѓаните доволно и достојно делата на Конески, Мисирков, Ацо Шопов, Рацин и останатите. Годинава, додава, е посветена на исклучителниот Ацо Шопов и дека достоинствено се одбележува со бројни проекти поддржани од Министерството за култура.

-Оваа годишнина е впишана и во календарот на УНЕСКО и заедно, пред  извесно време, достојно се осврнавме на богатото творештво на Шопов. Оваа година се навршуваат 120 години од објавувањето на книгата „За македонските работи“ на Крсте Мисирков и 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик кој го носи неговото име, вели Костадиновска-Стојчевска.

Таа најави дека во 2023 година се одбележуваат низа годишнини и јубилеи кои низ културните установи и центри низ државата достојно ќе се одбележуваат со поддршка на Министерството за култура.

-Уште многу убавини од македонското творештво ни претстојат. Сите заслужуваат почест и место во колективната меморија. Она што е доста важно е дека правиме напори во исто време да ги одбележуваме овие јубилеи и надвор од границите на државата. Како што го одбележавме 100-годишницата од раѓањето на Ацо Шопов во УНЕСКО во Париз, така и овој 5 Мај го одбележавме во КИЦ-от во Њујорк со пригодна програма од македонски уметници кои изведуваа македонска музика. И така продолжуваме и во иднина, додаде Костадиновска-Стојчевска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK