– Во посета на Мала Преспа денеска беше градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски.
– Денеска ја имавме честа, Мала Преспа да ја посети мојот драг пријател и градоначалник на Ресен Јован Тозиевски. Направивме мала прошетка низ неколку села, при што заеднички констатиравме дека Мала Преспа има голем потенцијал, исто како ресенската, но потребен е труд и многу работа, објави на фејсбук, Панди Јани, кандидат за градоначалник на Пустец.
Тој изразува голема благодарност за искажаната поддршка од страна на градоначалникот Тозиевски и ветува дека со заеднички добро изработени проекти, Мала Преспа ќе ја издигне на местото кое го заслужува.
– Почитувани браќа и сестри Македонци, меѓу другото сакам да ви го честитам христијанскиот празник Св.Ѓорѓи- Ѓурѓовден, нека дава здравје, среќа и бериќет. Промените доаѓаат, Мала Преспа заслужува подобро. Гласајте за победничкиот број, бројот 1. Да сте живи и здрави, стои во објавата.
Тозиевски заедно со домаќините го посетил и музејот „Стерјо Спасе” во село Глобочани, пред чие спомен обележје оддал почит, како и црквата „Свети Архангел и Михаил” во Пустец.