– Францускиот голман и чувар на мрежата на Тотенхем, Уго Лорис, ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната поради повреда на бутниот мускул, објави тренерот на лондонскиот премиерлигаш Рајан Мејсон.
Капитенот на Тотенхем е надвор од теренот од 23 април кога на дуелот против Њукасл беше заменет на полувремето.
Клубот од северен Лондон е во серија од четири натпревари без победа, а до крајот на премиерлигашката сезона преостануваат уште четири кола.
„Уго ја заврши сезоната. Направивме повторно тестови и резултатите се разочарувачки“, рече Мејсон.