Урава Ред Дајмонд нов азиски фудбалски првак

red_dajmonds_67868
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Фудбалерите на Урава Ред Дајмондс ја освоија шампионската титула во Азија, откако денеска во реваншот од финалето во Лигата на шампиони на домашен терен во Саитама го совладаа бранителот на трофејот саудиски Ал – Хилал со 1-0.







Минималната победа во комбинација со ремито 1-1 од првиот натпревар му беше доволно на јапонскиот клуб по третпат во својата историја да триумфира во азиската Лига на шампиони.

Единствениот гол на натпреварот беше автоголот на Андреа Кариљо во 48 минута.

Урава беше првак на Азија и во 2007 и во 2017 година.

Ал – Хилал со пет трофеи и натаму е рекордер според бројот на титули во азиската Лига на шампиони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK