Катар испрати помош во Судан, евакуирани луѓе со авион, борбите продолжуваат

sudan_334534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Авион од Катар денеска до Судан достави 40 тони помош во храна, а превезе 150 евакуирани додека продолжуваат борбите предводени од двајцата спротивставени армиски генерали.

Авионот на катарското воено воздухопловство слета во Порт Судан, 670 километри североисточно од главниот град Картум, каде има жестоки конфликти.


Градот и пристаништето Порт Судан беа поштедени од борбите и станаа една од ретките безбедни транзитни точки, а го користат авиони и бродови кои го преминуваат Црвеното Море и одат во Џеда во Саудиска Арабија.

Конфликтот започна на 15 април по неколкумесечни зголемени тензии меѓу војската, предводена од генералот Абдел Фатах Бурхан, и одметнатите Сили за брза поддршка (РСФ), под команда на генералот Мохамед Хамдан Дагал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK