Јужна Кореја и САД овој месец ќе ја започнат најголемата комбинирана воена вежба

korea_amerika_znaminja_45354534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Јужна Кореја и САД ќе ја започнат својата најголема комбинирана воена вежба овој месец по повод 70-годишнината од сојузот меѓу двете земји и 75-годишнината од основањето на јужнокорејската војска во Сеул, објави јужнокорејското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека сојузниците треба да одржат пет воени вежби меѓу 25 мај и 15 јуни на 52 километри североисточно од Сеул.


Во вежбите се очекува да бидат вклучени напредни системи за оружје, вклучувајќи стелт-ловци Ф-35А, хеликоптери АХ-64 Апачи, тенкови К2 и повеќекратни ракетни фрлачи Чунму, јавија јужнокорејски медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK