– Американскиот претседател Џо Бајден, кој нема да присуствува на денешното крунисување на Чарлс Трети, изјави дека ќе се сретне со британскиот крал во јули.
Бајден посочи дека фокусот на средбата ќе биде ставен на прашањата поврзани со заштитата на животната средина.
Претходно тој ќе биде на состанок на лидерите на земјите од НАТО што годинава ќе се одржи на 11. и 12 јули во литванскиот главен град Вилнус.
На крунисувањето на Чарлс Трети ќе присуствува и првата дама на САД, Џил Бајден.