Генералниот конзулат на Србија и граѓаните на Охрид ќе оддадат почит кон жртвите во Белград и Младеновац

srbija_35343
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Почесниот конзулат на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид по повод двата немили настани во Србија упати повик до граѓаните утре во 11 часот да дојдат на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ и да им оддадат почит кон жртвите.

Предвидено е потоа точно на пладне заеднички да се оди на панихида за жртвите во црквата „Св. Богородица Перивлепта“.


-Изразуваме длабоко сочуство до семејствата на трагично загинатите, посакуваме брзо и лесно опоравување на сите повредени лица. Изразуваме силна емпатија, солидарност, сплотеност до српскиот братски народ и Република Србија“, вели почесниот конзул на Република Србија во земјава, Михајло Филев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK