Општина Дебар објави јавен повик за доделување финансиски средства на спортски клубови и граѓански организации од областа на културата.
-Целта на овој повик е да ја зацврсти и унапреди соработката на општината со спортските клубови и организациите од областа на културата, преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални проблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации, информираа од општината.
Право на учество имаат спортски клубови и здруженија на граѓани регистрирани на територија на оваа општина, според 3аконот на здруженија на граѓани и фондации.
-3друженијата кои имаат добиено финансиски средства минатата година треба да достават финансиски извештај за финансиските средства и реализираните активностите заедно со потребните обрасци за аплицирање. Целосниот јавен повик со потребните обрасци може да се најдат на веб страната на општината: www.dibra.gov.mk, дообјаснуваат од општината.
Јавниот повик е врз основа на член 50 параграф 1 од Законот за локана самоуправа и одлуката на Советот на општина Дебар. Крајниот рок за доставување на барањата е 30 овој месец.