Полициски службеници од ОВР Берово, врз основа на судска наредба, денеска извршиле претрес во домот и помошни простории на Н.Д.(27) во Пехчево, при што пронашле и одзеле марихуана.
За случајот бил запознаен јавен обвинител и по комплетирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.