Охридската библиотека „Григор Прличев“ го одбележа Денот на македонскиот јазик и азбука

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со пригодна програма се вклучи во активностите за одбележување на Денот на македонскиот јазик и азбука.

Во рамки на денешата свеченост пред присатните се обрати директорот на установата, м-р Милчо Јованоски, кој говореше на тема „Македонскиот јазик темелот на македонската државност ’Од Климента, преку Прличев до Конески и Шопов’“.


Свое обраќање преку видео-врска имаше и проф. д-р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик, додека на темата „За македонската азбука, јазик и култура“ пред присатните зборуваше Бети Лазеска – Симоноска.

Во рамки на свеченостите беше презентирана поставката на книги од фондот на библиотеката со дела од Блаже Конески и Ацо Шопов (100 години од неговото раѓање).

Свечената програма беше збогатена со проекција на документарните филмови „Проста и строга македонска песна“ посветен на Конески и филмот „Тешкото“, како и со презентации и рецитали на деца и ученици од Охрид.

На 5 мај 1945 година со Решение на Народната влада на Федерална Македонија беше усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца Министерството за просвета го озаконува првиот правопис на македонскиот јазик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK