Општина Ѓорче Петров овозможува бесплатен транспорт до болниците за повеќе категории лица

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Ѓорче Петров во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија за сите болни, немоќни, изнемоштени и социјално ранливи-категории на лица овозможува бесплатен транспорт до здравствените установи, доколку лицата имаат закажано претходно термин за лекарски преглед.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и секретарот на Црвениот крст, Сузана Тунева Пауновска денеска го потпишаа договорот за бесплатно користење на возилото.


-Корисникот кој има потреба од превоз може да се јави на телефонски број 02/15330 во контакт центарот на Црвен крст секој ден во текот на 24 часа. Термин за превоз се закажува минимум 24 часа однапред, по принципот прв дојден-прв услужен. Транспортот се врши во работни денови од 8 до 16 часот. При закажување на термин потребно е да се дадат целосни податоци. Лицето кое треба да е жител на општина Ѓорче Петров има право на бесплатен превоз финансиран од страна на општината во еден правец, максимум 4 пати во текот на 1 година, информираат од Општина Ѓорче Петров.

Ова, како што е наведено во соопштението, е една од мерките во соработка со Црвениот крст преку која општината ги подобрува социјалните услуги за граѓаните и една од мерките која е планирана за годинава во рамки на социјалниот план на Општина Ѓорче Петров за 2023 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK