Дванаесетгодишно девојче било физички нападнато од две малолетнички во соблекувална во спортска сала во општина Илинден.
Случајот бил пријавен на 26 ноември во СВР Скопје од таткото на девојчето, 44-годишен жител на скопско. Според пријавата, нападот се случил по претходно меѓусебно нетрпение.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.