Тежок пораз на македонските кошаркари: Кипар победи во Скопје


screenshot-2026-11-26-201546.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Кипар 75:85, во Ф групата, во претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. Овој пораз ги оддалечи избраниците на селекторот Берокал од првото место во групата и пласман во квалификациите за ЕП.


Македонија беше фаворит во овој натпревар, но само на хартија. На теренот тоа не го покажа во ниту еден момент.

Не успеаја македонските кошаркари во ниту еден момент да одговорат на брзата и пред се борбената игра на кипарските кошаркари. Лошо ја бранеа линијата за три поени и офанзивниот скок (имаа 11 скокови).

Селекторот Берокал не успеа да го искористи Мосес Рајт, кошаркарот кој беше МВП во 13-то и 14-то коло во Евролигата.

Голема борба се водеше на теренот од самиот почеток, а Кипар клучната разлика ја направи на три ипол минути до крајот кога стекна предност од седум поени. До крајот Нено Димитријевиќ не успеа да ја поништи предноста на Кипраните.

Димитријевиќ со 30 поени, шет скока и шест асистенции беше далеку најдобар во редовите на Македонија. Двоцифрен беше уште само Ѓуроски со 11 поени. Рајт на дебито пред македонската публика имапе скромен настап, три поени и шест скока.

Тигкас го предводеше Кипар до победата со 25 поени, 11 постигна Пашиалис, а 10 Павлидис.

До крајот на овој циклус, Македонија ќе ја пречека Австрија и ќе гостува кај Кипар.

Foto/ mkd.basketball

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK