СЕ Е ДО ДОМАШНОТО ВОСПИТУВАЊЕ!!!!
Не случајно на моите деца им го пренесувам воспитувањето кое и моите родители го применувале. Мамини и татини мази на крајот завршуваат како дегенерици. Ќерка ми лани имаше на крај 4ка Германски. И што? Многу лесно било за мене да фаќам врски за да биде скроз одлична. И што со тоа? И правам услуга или контра услуга?
Се додека има родители од типот “мама е јака во партија, тато ќе среди се, ќе ги уништиме” ќе имаме репетитивни епизоди како вчерашната во Охрид!!
Нека не глумат лудило во ОЈО Охрид и да се вадат на нови околности, ги потресе реакција на јавност, инаку никому ништо!!!!
А сите Вие, многу јаки во партија, услуга на децата не им правите. Ги инвалидизирате, отупувате и идиотизирате. Тато и мама еден ден ќе ги нема.
Бог да ја прости мајка ми, кога за недисциплина ја бараа во средно кај мене, се срамеше да отиде, не па да прети по луѓе за ваква работа!! Домашно воспитување луѓе, отидовме јабана!