Здружението на професионалните онлаjн-медиуми Онлајнмедиа, на своето годишно собрание кое го одржа денес 10.11.2026 година, покрај останатите точки кои беа на дневниот ред го промени и претседателот.
На собранието беше предложен нов кандидат за продолжување на функцијата, од која се повлекува досегашниот претседател – Влатко Кошевалиски.
На предлог на присутните едногласно за нов претседател на ОНЛАЈНМЕДИА беше избран Дејан Николовски, главен и одговорен уредник на Нетпрес.
Членовите на здружението дискутираа за досегашните активности, и изразија задоволство од работењето на Онлајнмедиа и досегашниот прв човек.
