Што ќе јадеме? Што ќе гледаме? Кој го зеде полначот? На Singles’ Day барем дел од овие секојдневни преговори може да ги прескокнете. Далечинското е ваше, плејлистата исто така, а за вечера важи само еден критериум: што ви се јаде вам. Денот на самците е одличен повод да си закажете состанок со себе и да му посветите исто толку внимание колку што би посветиле на кој било друг добар план.
Singles’ Day се одбележува на 11 ноември, а неговото потекло најчесто се поврзува со студентите на Универзитетот во Нанџинг, Кина, во 1993 година. Датумот 11.11 е избран поради четирите единици, кои симболично претставуваат четири самци. Од студентско славење на животот без партнер, денот со текот на времето прераснал и во голем шопинг-настан, особено откако Alibaba во 2009 година започнала да организира продажни кампањи на овој датум. Во основата, сепак, останува една симпатична идеја: да си подарите нешто што ќе ве израдува.
Има нешто посебно во уживањето во сопственото друштво. Истражување од Универзитетот во Рединг укажува дека времето поминато насамо може да помогне во намалување на стресот и да придонесе за поголемо чувство на слобода, особено кога тоа е личен избор. Затоа, без разлика дали станува збор за мирна вечер со книга, омиленото јадење или едноставно одмор без никакви планови, малку време за себе може да биде вистинско уживање.
Ако ви треба инспирација, тука е Wolt да помогне. Во категориите за убавина и нега на Wolt може да побарате козметика или мирис што ќе го претвори обичното ноемвриско попладне во мал личен луксуз. А ако сакате да се средите само за да останете дома, и тоа е сосема добар план. Вашиот најубав парфем може да има премиера и во дневната соба.
Податоците за купување преку Wolt во Македонија покажуваат интерес и за секојдневната лична нега, при што производите за капење и нега на лицето се меѓу популарните избори во категориите за убавина и нега.
За љубителите на технологијата, ова е одличен повод да си подарите нешто што одамна ви е на листата на желби. Разгледајте ја категоријата Electronics на Wolt и пронајдете нешто за омиленото хоби, филмските вечери или полесно секојдневие. А потоа пуштете го филмот што одамна го одложувате. Вечерва никој нема да предложи „нешто друго“ по првите десет минути.

И практичните избори можат да бидат убав начин да се почестите. Апаратите за домаќинство и додатоците за полнење се меѓу водечките производи од категоријата електроника на Wolt во Македонија, што покажува дека понекогаш најдобриот подарок за себе е токму она што го прави секојдневието малку полесно и поудобно.

Ако, пак, повеќе уживате во време подалеку од екранот, посветете се на омиленото хоби. Преку Wolt разгледајте ја понудата на книжарниците и продавниците со креативен прибор. Нова книга, сложувалка или шема за боење и скицирање можат да бидат почеток на пријатна вечер. Изберете роман за „уште само едно поглавје“ или сложувалка со која ќе ја окупирате целата маса.
Забавата без екрани има свои љубители. Од карти за играње до боенки, податоците на Wolt за Македонија покажуваат дека едноставните и креативни активности сè почесто наоѓаат место во кошничките за купување.

За љубителите на малите домашни проекти, ова е одличен повод да го преуредат својот простор или конечно да ја постават полицата што одамна чека на ред. Понекогаш е доволна само мала промена за домот да добие нов изглед и повеќе да го одразува вашиот личен стил.
А за финалето, вечера за еден. Поставете ја масата и нарачајте го она што навистина ви се јаде, може да биде суши, паста, бургер или пица со омилените додатоци. Во ресторанската понуда на Wolt пронајдете го вашиот фаворит или, ако уживате во готвењето, подгответе си мало лично мени. И не заборавајте го десертот, нека биде дел од планот уште од почеток.

Интересно е што тортиљите и враповите се меѓу најпопуларните главни јадења што се нарачуваат преку Wolt во Македонија, пред бургерите и пицата. А кога станува збор за сладок крај, палачинките се убедлив фаворит меѓу десертите. Но, вечерва најважно е само едно – што вам ви се јаде.
Најдобриот дел од вечерата за еден? Последниот залак ви припаѓа вам. А најдобриот дел од Singles’ Day е слободата да си составите ден по сопствен вкус, со книга или филм, со мал подарок или со неколку часа мир. Единствената резервација што ви треба е малку време за себе.