Драстична казна ќе добие голманот за смртта на противничкиот напаѓач


screenshot-2026-11-11-104103.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хесус Овоно (25), голманот на шпанскиот второлигаш Андора и репрезентацијата на Екваторијална Гвинеја, ги доживува најтешките моменти во својот живот по трагичната смрт на Хесус де Мигел (30), напаѓачот на Тенерифе.


Де Мигел почина на 3 ноември, како резултат на тежок судир со Овоно за време на натпревар од лигата одигран претходниот ден.

Дисциплинската комисија на шпанската Ла Лига разгледува исклучително строга казна за голманот Овоно по инцидентот во кој смртно настрада фудбалерот на Тенерифе. Се споменува суспензија од најмалку 15 натпревари, но и можност за одземање на лиценцата, за настап во шпанскиот фудбал.

Суспензија од 15 натпревари би била една од најтешките казни во историјата на шпанскиот фудбал. Злогласниот рекорд сè уште го држи Хоакин Кортизо, кој во 1964 година беше суспендиран на 24 натпревари поради груб старт врз Енрике Коларо.

Случајот Овоно е особено чувствителен бидејќи одземањето на лиценцата обично се разгледува во сосема различни околности, како на пример за прекршоци поврзани со нелегално обложување. Сепак, сериозноста на овој случај би можела да доведе до невидена одлука.

Шпанскиот инсајдер Исак Футо од радио станицата „COPE“, верува дека шансите голманот да се врати во шпанскиот фудбал се многу мали.

„Многу е малку веројатно дека Овоно повторно ќе игра во шпанската лига. Не би ја исклучил можноста воопшто да не игра фудбал“, рече Футо.

Одлуката на Дисциплинската комисија се очекува наскоро. Изрекувањето на пресудата првично беше планирано порано, но беше одложено поради настаните во текот на изминатата недела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK