Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција – зборот е збор, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Ветив дека во мојот четиригодишен мандат ќе го ставиме во функција. Но само за неполна година, го одглавивме проектот и веќе ги асфалтираме пристапните улици со што ќе се стави во функција. Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена“, објави градоначалникот.
Тој потсети дека е решен процесот на експропријација неопходен за пристапите, кој, како што рече, бил заглавен од претходните раководства.
„Ја ослободивме трасата и сега работиме за мостот наскоро да ги поврзе двете соседни општини. Со тоа ќе овозможиме полесно движење, пократки патувања и растоварување на сообраќајот. Паралелно, продолжуваме со експропријацијата на преостанатиот дел од булеварот, сѐ до неговото целосно завршување. Нашата обврска е да го довршиме проектот во целост“, вели Ѓорѓиевски.