Натпреварот помеѓу Уберландија и Мамора во бразилската лига Минеиро, за фудбалери до 20 години ќе влезе во фудбалската историја.
На овој натпревар, судијата додели вкупно 51 црвен картон по тепачка помеѓу играчите на двата клуба.
43 играчи од двата тима беа исклучени, а преостанатите осум беа поделени на членови на тренерските тимови и претставниците на тимовите.
Сè започна кога играч на гостинскиот тим почна да ги провоцира претставниците на домашниот тим кога резултатот беше 1:3.
Foto/ Depositphotos