Вчера во 13:30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје, во присуство на родител, извршија службен разговор со 17-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во двор од средно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров физички го нападнал О.А.(18) од Скопје.
Потоа заедно со неговите другари му упатиле и закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.