Скопјанка пријавила дека била допирана по телото во приватна здравствена установа.
Имено синоќа во 20:40 часот во СВР Скопје, 29-годишната жена пријавила дека во приватна здравствена установа на подрачјето на Карпош, Д.Н. ја допирал по телото и ја вознемирувал.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.