(Видео) Украинците ги нападнале Русите од под земја, минале 15 километри низ гасовод


ukrainska-vojska-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинските сили извеле необична воена операција во близина на Купјанск, во Харковската област, користејќи подземни гасоводни цевки за да се инфилтрираат зад руските позиции. Според првичните податоци што ги соопшти Киев, во акцијата биле убиени повеќе од 100 руски војници, а над 30 биле заробени.


Украинските војници поминале повеќе од 15 километри низ подземната гасоводна инфраструктура, под линијата на фронтот во североисточниот дел на Украина. Операцијата, со кодно име „Велес“, била спроведена со учество на Вториот корпус на Националната гарда „Хартија“ и други украински единици.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека движењето низ подземниот премин било подолго од 15 километри. Еден од гасоводите имал пречник од само 1,2 метри, поради што војниците морале да се движат низ исклучително тесен простор.

Подготовките за операцијата траеле подолго време и вклучувале обука за борба во ограничен простор, како и развој на посебни технолошки решенија за навигација, комуникација и одржување на животот на војниците под земја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK