Доколку не биде осуден, Хакими го чека најголемиот договор во ПСЖ


achraf-hakimi-paris-saint-germain-depositphotos_619559134_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ашраф Хакими (27) одигра брилијантен натпревар, синоќа кога неговиот Пари Сен Жермен играше во Авр. Шампионот на Европа победи (5:1), а Мароканецот учествуваше во сите пет гола, потврдувајќи го статусот на еден од најдобрите фудбалери деншницата.


„Тој не играше како десен бек вечерва, не играше ниту како крило, едноставно кажано, играше како комплетна фудбалска личност. За да се постигнат три гола и да се забележат две асистенции во еден натпревар е потребно многу повеќе од само брзина или техника; потребна е висока интелигенција, чувство за простор и убиствен менталитет“, рече тренерот Луис Енрике.

„Неговиот инстинкт пред голот е величествен. Ако утре му го дадам дресот со број девет, никој во Европа нема да го доведе во прашање, бидејќи тој би играл и како елитен напаѓач.“

Дури и поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, колега на таа позиција, Гари Невил не го криеше своето восхитување.

„Видете, ги следам десните бекови триесет години… Она што го прави Ашраф Хакими во моментов е сосема нереално. Неверојатно. Да завршиш натпревар со хет-трик и две асистенции, а да играш како бек… Не знам што да кажам. Јас во пет гола, не можев да учествувам во текот на целата сезона, а камоли во деведесет минути. Движење, атлетски способности, квалитетот на центаршутот, тој го има сето тоа. Апсолутно е врвно ниво. И ова не е некој случаен, еднократен брилијантен момент. Хакими игра натпревари од светска класа веќе четири години. Без сомнение, човекот го поставува стандардот за тоа како треба да изгледа еден елитен десен бек во модерниот фудбал“, заклучи Англичанецот.

Челниците на „Светците“, имаат намера да ја обезбедат иднината со Хакими во тимот, поради што планираа да ги започнат преговорите околу продолжувањето на неговиот договор, објавува „Лекип“.

Иако марокански репрезентативец е врзан за францускиот шампион до летото 2029 година, идејата на клубот е да го „врзе“ за дополнителни две години, и да му ја зголеми платата, за да не биде доведено во прашање неговото задоволство и статус во клубот во ниту еден момент.

Хакими моментално е вицекапитен, но планот е во 2028 година, кога ќе истече договорот на сегашниот прв капитен Маркињос, таа улога да му припадне нему.

Според договорот од февруари 2025 година, Ашраф Хакими заработува 1.100.000 евра месечно бруто. Доколку го прифати новиот договор, се очекува неговата плата да биде во опсегот на платата на Дембеле, или највисоката во клубот, 1.500.000 евра месечно, или околу 18.000.000 евра годишно.

„Лекип“, понатаму наведува дека во моментов постои објективна пречка за склучување на договорот. Имено, на крајот на септември, Касациониот суд на Франција ја отфрли последната жалба на Хакими против обвинението за силување од 2023 година, со што ги исцрпи сите законски можности таа да биде отфрлена.

Ова значи дека ѕвездата на Пари Сен Жермен дефинитивно ќе биде судена пред Кривичниот суд. Да ве потсетиме, станува збор за случајот на 24-годишна девојка, која тврди дека била сексуално нападната во неговиот дом во близина на Париз.

Од самиот почеток, Мароканецот категорично ги отфрла обвинувањата и тврди дека врската била доброволна. Адвокатскиот тим што го застапува неодамна објави дека едвај чекаат судењето за јавно да ги презентираат доказите и да ја отстранат дамката од името на Хакими.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK